Центарот за комуникации при опшптинската организација на СДСМ од Тетово испрати рекација на изјавата на кандидатот за пратеник Александар Велјановски од ВМРО ДПМНЕ од Тетово.
-Дали господинот Велјановски овие чаршиски муабети ги собира во центарот на Тетово секојдневно пиејќи кафе со нивната стара љубов ДУИ ветувајќи им Албанец премиер? Зарем заборавивте дека лично вашиот ментор од Будимпешта бегалецот Груевски со ФЕСАЛ 2 аранжманот остави на улица над 35 илјади работници? Бедниот обид со непроверени и лажни вести со кои ДПМНЕ секојдневно се служи има за цел да ги скрие под тепих сите неправди и лични бизнис зделки на фамилијата, која преку Мицкоски сака повторно да дојде на власт преку бледата флоскула Обнова на Македонија. Не знаеме што повеќе ве боли, дали скратените средства од државата за финансирање на политичките партии или договорот на вашиот лидер со ДУИ, којшто треба допрва да им го објасните на вашите членови и симпатизери за неофицијализираната коалиција „Стара љубов заборава нема“?
Познато ни е неискуството на Велјановски и неговата свита во политичкиот живот во Тетово и Гостивар, па оттука ќе ви дадеме бесплатен час по политичка економија и економски мерки.
– Платежни картички од 9.000 денари,
– Ваучер за домашен туризам од 6.000 денари,
– Дополнителна платежна картичка од 3.000 денари,
– Директна помош на фирмите кои гарантираат минимална плата,
– Загарантирана минимална плата покачена за 5.500 денари,
– 300% покачена социјална помош,
– Загарантирана старосна пензија за лицата без работен стаж.
Сите овие мерки директно го помагаат македонското стопанство и економија.
СДСМ го реши проблемот со стечајците, исправивме историска неправда. Со последните законски измени речиси 12.000 стечајни работници добиваат месечен надомест од 8.000 денари до нивното пензионирање. Да сакаше ДПМНЕ да ги обештети стечајците немаше да му помогне на бегалецот Груевски да изнесе од државата 7 милијарди евра. Сликовито ќе објасниме колку се 7 милијарди евра. Ако еден нормален стан во Скопје чини 100.000 евра бегалецот од Будимпешта „се обезбедил“ со 70.000 илјади стана. Би му препорачале на Велјановски и неговите да се позанимават со оваа математика.
Зарем господинот Велјановски и неговата компанија најдоа да зборат за партиски ангажмани во работно време? Дали вчера околу 14 часот пред пекарата „Бакал“ во Тетово масовно партиски купувавте бурек или делевте рекламен материјал? Денеска господинот Велјановски во работно време беше во посета на стопански субјекти во Тетово. Дали ова му е редовна практика да бега од работа за да спроведува партиски агенди? Обновата која со полна уста ја заговарате е само беден обид пресликан во вашиот мајклџексоновски „Трилер“ спот со кој да бидеме реални, да сте живи и здрави, од срце нѐ изнасмеавте, се наведува во реакцијата.