Полициски службеници на СВР Тетово вчера (22 март), од 12 до 16 часот, на тетовско-гостиварското подрачје спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници и пред се на ученици. При контролата биле откриени и законски санкционирани 1 возило, односно возач (ТЕ) без потребните документи и 5 возачи (ГВ), по 1 без лекарско уверение, со несоодветна категорија и кој зборувал на мобилен телефон, како и 2 со истечена возачка дозвола. На сите возачи-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со предвидените парични глоби и други мерки.
Вчера, исто така, во рамките на засилените контролни активности, реализирани во Тетово, биле санкционирани и подигнати од „пајак-службата“ 10 непрописно, односно погрешно паркирани возила, 3 возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничкувања за оваа категорија учесници во сообраќајот и 2 возачи без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа.