Власта предводена од СДСМ продолжува со реализирање на дадените ветувања за патната и сообраќајна инфраструктура, истакна на денешната прес конференција Томислав Наумовски, портпарол на оштинската организација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) во Тетово.
-На автопатот Тетово-Гостивар започна акција за чистење на патот: косење на трева и плевел грмушки, кастрење на гранки и сечење на дрва во патниот појас, чистење и собирање смет. Градежниот факултет во Скопје изработува проектна задача со алтернативни решенија за оваа делница, планирано е да стане стандарден автопат со по три коловозни ленти во еден правец и тоа лентите да широки 3,75 метри со 3.5 метри и 2.5 метри,рече Наумовски.
Тој потенцираше дека во процес на реконструкција на инфраструктурата во Тетовско се повеќе патни правци.
-Патот Тетово-Попова Шапка веќе е во процес на реконструкција, со средства на јавното претријатие за државни патишта се работи на делницата Непроштено-Пршовце. Планирана е реконструкција на на инфраструктура: делот од автопатот Карпалак-Желино во должина од 16 километри, следи тендерска документација за патот Желино-Јегуновце, Вратница-граничен премин Јажинце, на патниот правец Тетово-Порој по поставената атмосферска канализација ќе се пристапи со асфалтирање и отстранување на грпките на истиот. Градиме по план, инфраструктура за сите, ја приспособуваме целата урбана и рурална инфраструктра да биде во функција на потребите на граѓаните, истакна Наумовски.