Додека траеше хуманитарната акција „Избери хуманост, пробуди надеж!“ во Тетово доаѓаа луѓе кои донираа како и оние кои побараа да добијат облека. Оваа хуманитарна активност во Тетово ја организираа организацијата „Хрватски форум“, општинската организација на Црвен крст Тетово, Македонско-Хрватско Друштво Тетово и Институт за развој на заедницата.
-Ова нека биде потсетник дека секојдевно во Црвен крст може да се однесе облека наместо да се фрли. Секој од нас има облека која не ја користи, а има можност да ја даде на оние кои навистина им е потребна, изјави Марко Видачек, од организацијата „Хрватски форум“.
-Ваква акција на отворено немало во Тетово, никој не поттикнал, но еве денес имаме и позитивен пример, изјави Емилија Блажеска, заменик лидер во општинската организација на Црвен крст Тетово.
Хуманитарната акција „Избери хуманост, пробуди надеж!“ се спроведува во 4 градови во Македонија. Во Тетово се одвиваше на платото пред Центарот за култура „Иљо Антески – Смок“