Двојно зголемување на бројот на хоспитализирани лица бележи Ковид центарот при тетовската клиничка болница за измината недела. Ако минатиот понедленик имало шест лица, денес се има 12 луѓе кои се наоѓаат на болничко лекување.
-Во изминатите 24 часа до 7 часот утринава има 77 прегледи и контроли, а при тоа имаме нови четири приеми и еден испис од болничко лекување. Сите 12 се на кислородна поддршка. Од 12-те хоспитализирани четворица биле вакцинирани со две дози, додека другите воопшто не биле вакцинирани, информираше д-р Хасан Илјази од Клиничката болница Тетово.
Болничко лекување на болни од Ковид-19 има во просториите на инфективното одделение каде има уште пет слободни места.