Планинарскиот клуб „Тетекс“ од Тетово вчера успешно го реализираше јубилејниот 30-ти планинарски марш „Меморијал Марко Илиевски“до Лешница и Кривошијска река. Планинарскиот марш се изведе со појдовна точка од селото Бозовце.
-После долг корона период ПК Тетекс се враќа во форма, со успешно организиран 30-ти Меморијал „Марко Илиевски“. Огромна благодарност до сите 130 планинари и до планинарските клубови „Јелак“- Тетово, „Ентузијаст“ Струмица, „Бистра“- Гостивар, „Осогово“-Кочани и сите други. Се поминаа 20 километри на потегот од селото Бозовце до месноста Лешница и кадите на Кривошијска река и назад до Бозовце со вкупна должина од 20 километри. Се помина во најдобар ред, изјави Снежана Новаковска, претседателка на ПК „Тетекс“.
Следна национална тура по календарот на клубот е до Караниколичко езеро на крај на јули, а следуваат Кобилица и летно искачување на Титов врв во август.
А.С