Изминатите две недели општинската организација на Црвениот крст од Тетово бележи солиден одзив на крводарители по апелот луѓето да доаѓаат во службата за трансфузиона медицина поради неможноста за традиционални крводарителски акции. Службата се наоѓа во Клиничката болница во Тетово.
-Во овој изминат период се бележат секојднево од 8 до 15 лица кои доаѓаат и даруваат крв. Потребите се покриваат по нашиот апел. Има добри луѓе кои и покрај состојбата се одлучуваат да даруваат крв. Службата има листа со дарители кои имаат ретка крвна група, ги повикуваат и тука има солиден одзив, информира Шкљќим Мурати, секретар во тетовскиот Црвен крст.
Во текот на изминатите работни денови од оваа недела тетовскиот Црвен крст поделил 12 пакети со храна и хигиенски производи на луѓе од социјалните категории. Само едно лице побарало волонтерите да донесат намирници.
А.С