Тетовските пожарникари спречија поголем пожар да се прошири во објект на ланец маркети во Пршовце. Нема повредени во пожарот што е забележан околу 11 часот и 30 минути.
-Со нашата интеревенција изгаснат е огнот што го зафатил делот од објектот кај влезот и изложните прозорци на маркетот Кипер во Пршовце. Со тоа се спречи да се прошири и на останатиот дел. Повредени нема, само материјална штета, изјави Ука Алити, командандат на тетовската пожарна.
Тетовската противпожарна единица интевенирала со 3 возила и 9 пожарникари.
А.С