Срна била усмртена од возило додека се движела по автопатот Тетово-Скопје, а при судирот повредена е и сопатничка во автомобилот, информира денес СВР Тетово.
-Вчера во 17 часот и 30 минути, на автопатот Тетово-Скопје, во близина на исклучокот за тетовски Групчин, патничко моторно возило „рено сеник“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот З.С. од скопско Волково, удрило и усмртило срна која се движела по коловозот. При тоа, со телесни повреди се здобила сопатничката во возилото Д.З.(49), која била пренесена во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош, информираат од СВР Тетово.
По пријава на случачајот извршен е и увид од страна на екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.
А.С