На Универзитетот во Тетово денеска беа доделени 17 стипендии за студенти во втор циклус на студии. Сертификатите со решенијата за изземање од плаќање партиципација на студентите им ги врачи ректорот Вулнет Амети.
Тој изјави дека одлуката на Сенатот на Универзитетот во Тетово за стипендирање на студенти со високи резултати е мотививирачка одлука за сите студенти.
-Имаме студенти од различни академски единици на нашиот универзитет. Тука се студенти благодарение на нивниот успех и знаењето. Им посакувам да продолжат со истото темпо и во иднина да развијат што е можно попрофесионално, рече ректорот Амети.
Покрај стипендиите за студенти од втора циклус Универзитетот во Тетово на 1 ноември додели и приближно 100 стипендии на студенти од прва година.
А.С