40 годишен жител на Тетово е лишен од слобода и задржан во полициската станица поради пријава за напад од страна на неговата невенчана сопруга.
-Вчера 3 септември во СВР Тетово 32 годишна жена пријавила дека истиот ден околу 18 часот нејзиниот невенчан сопруг С.С.(40) од Тетово физички ја нападнал.
С.С. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот, информира СВР Тетово.