Прво место на Државниот натпревар за основно музичко образование за дисциплина кларинет освои Ерденај Сали кој е четврто одделение Државното музичко учлилиште „Тодор Скаловски-Тетоец“. Ерденај на натпреварот кој се одржa во музичкото училиште во Кавадарци ги освои максималните 100 бодови.
Второто место во истата дисциплина кларинет го освои Александар Ристовски, шесто одделение исто така тетовското музичко училиште. Двајцата ученици се во класата на професорот Влатко Ѓорчев.
Трето место во дисциплина пијано освои Енеа Гражадани, второ одделение во тетовското музичко училиште во класа на професорот Миќо Димиќ.
Државниот наптревар за основно музичко образование се одржи во просториите на ОМБУ “Лазо Мицев Рале” – Кавадарци од 26 до 28 мај во 13 дисциплини (настап на инструменти, солфеж и пеење)