Дневен центар за лица со посебни потреби од Тетово денеска одбележа 20 години од постоењето. Вработените изложија фотографии преку кои ја претставија дел од работата со лицата кои престијуваат во овој центар во изминатите две децении.
-За 20 години околу 130 лица ги имаат користено услугите на овој дневен центар, сакам да искористам прилика да ја истакнам улогата и работа на вработените и на претходно вработени. Специфична е оваа работа, има предизвици со кои се соочуваат, работејќи на таа основа идеја на некаков начин начин да се помогне на овие лица и на нивните семејства за подобра социјализација, едукација, таму кај што постојат услови пристап кон пазарот на трудот, генерално, едно вклучување во сите сфери на општествениот живот, изјави Дарко Обадиќ, директор на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Тетово.
Тој посочи дека за работа со оваа категорија на граѓани Центарот има помош од невладиниот сектор, приватни компании, локалните и централните власти.
-Оваа категорија на граѓани и семејства мора да се дел од приоритети како на органите на држава така и на институциите од локална самоуправа, тука имаме немал примери на соработка со невладиниот сектор со стопански субјекти, основа е секогаш, да се олесни животот на овие лица, а секој од нас може многу да направи .Секогаш е треба да се размислува за подобрување на условите за престој, дали преку физичкиот ентериер, екстериер, помагала, секој од нас мора да работи повеќе да им се олесни на овие лица, истакна Обадиќ.
За јубилејот беше подготвена и кратка музичка програма, а беа оддадени благодарници од Центарот за поединци и други установи.