14 годишниот Андреј Стојановски од Тетово член на карате клубот „Фунакоши Гичин“ од Скопје по трет пат успева да се избори на Балканско првенство како член на репрезентацијата на Македонија. Тој изминатиот викенд на државното првенство за кадети, јуниори и У21 категориите кое се одржа во Скопје го освои третото место во кадети ката индивудуално машки. Овој пласман значи автоматско обезбедување место во репрезентацијата и учество на Балканското првенство во карате што ќе се одржи во Брезице, Република Словенија во декември.
Ова е трето учество на Андреј на Балканските првенства. Претходно исто така како каратист на клубот Фунакоши Гичин од Скопје обезбеди репрезентативен настап и учество на Балканските првенства во Белград, Србија 2018 и во Турција во 2017 година.
Андреј Стојановски, пласманот во кадетската репрезентација каде се деца од 14 до 16 години успеа да го направи пред да ја достигне таа возраст со оглед дека токму денес на 19 ноември полни 14 години, а турнирот беше минатата недела.
Андреј е деветто оддление во ОУ „Андреа Савевски Ќиќиш“, а покрај карате, ја сака и музичката уметност и свири на виолина.