Земјиште во атарот на селото Фалише е новата локација каде јавното комунално претријатие Тетово ја користи како претоварна станица наместо досегашната кај Требош или долж автопатот Тетово-Скопје. На новата локација веќе се складирани купишта смет на земјената површина. Според слободна проценка станува збор за простор од 3.000 метри квадратни.
За одлуката за пресместување на претоварната станица градоначалничката Теута Арифи истакна дека тоа е во насока на поголема рационалност иако Фалише е подалеку од Требош од депонијата Дрисла каде се носи сметот од градот.
-Кога сме работеле за добивање дозволи за работа, имаме дозволи за двете локации. На времето кога сме ги спремале, сме спремале документација за двете позиции. Така да мислам дека нашето јавно комунално претријатие проценило дека можеби во моментот им врши тука повеќе работа. Остануваат договорите со депонија Дрисла за носење на сметот таму додека претоварните што помалку да имаат работа“, изјави Арифи.
За разлика помеѓу двете места е што во Фалише ја нема машинеријата со која се компресираше сметот со цел што повеќе тони да бидат однесени оддеднаш во регионалната депонија Дрисла. Градоначалничката тврди дека таму ќе биде пренесена.
-Машината за претовар таму е пренесена, да таму е пренесена, рече Арифи одговорајќи на новинарските прашања.
Од друга страна се почести се сликите низ градот со преполни контејнери со смет како и надвор од нив.
Поради зголемување на бројот на жители со доаѓањето на печалбарите се зголемија и количнините отпад, информираат од ЈКП Тетово.
Во минатото тетовскиот отпад се складира на повеќе места-во деведесеттите година беше собира на друга локација во Фалише, која сега се расчистува за пречистилна станица за отпадни води од Вардар. До 2010 годиина беше кај железничката станица, а потоа и на самиот влез на градот.