Во последните 24 часа се направени 953 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на КОВИД-19. Од нив 9 се во тетовскиот регион. Според информации на кризен штаб при општина Тетово по еден од новите случаи се во Брвеница и Селце, додека по два има во Теарце, Тетово и Џепчиште.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти одкои еден во тетовско.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 2611, бројката на оздравени пациенти е 1621, на починати е 147, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 843.
Досега во земјата се направени вкупно 33114 тестирања на КОВИД-19.