Три основни училишта од тетовскиот регион се меѓу 39-те проекти на основни и средни училишта од целата држава наградени во рамките на јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи 3“ кој Фондот за иновации и технолошки развој го спроведува во соработка со Министерството за образование и наука.
Тоа се ООУ „Симче Настовски“ од Вратница со проектот „Спречување на човечкото самоуништување на планетата Земја, ООУ „Асдрени“ – Глоѓи со проектот „Ефектот на киселиот дожд врз растот на растенијата“ и ООУ „Исмаил Ќемали“ од Нераште со проектот „Формирање на лидерство за благосостојба“.
Годинава прворангирано основно училишта е ООУ „Страшо Пинџур“ од Неготино, додека кај средните училишта најдобро рангиран е проектот на гимназијата „Орце Николов“ од Скопје.
Вкупниот буџет на повикот е 6.000.000 денари. Поединечен предлог проект може да добие до 300.000 денари и дополнителни 30.000 денари за ментори, наменети за обуки, семинари, конференции што би придонеле кон поуспешна реализација на проектот.
Предизвикот беше отворен на 24.01.2020 година. Поради новонастанатата ситуација со пандемијата со Ковид-19, на барање на училиштата рокот беше продолжен до 06.04.2020 година. Во изминатите две години се поддржани 54 училишта со над 500 вклучени ученици.