Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 19 часот и 30 минути на улица „Маршал Тито“ со крстосница со улица „Благоја Тоска“ во Тетово, го привеле О.Ќ.(26) од струшко Лабуништа, кој бил под дејство на алкохол и најпрво одбил да се идентификува, а потоа ги навредувал и недолично се однесувал кон полициските службеници. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и против него ќе следува соодветна пријава, информира денес СВР Тетово.
Утринава околу 4 часот и 10 минути на крстосницата на улиците „Борис Кидрич“ и Благоја Тоска“, полициски службеници на СВР Тетово ги привеле К.В.(26) и Н.М.(36), двајцата од Тетово, кои го нарушиле јавниот ред и мир со карање, викање и дрско и непристојно однесување. Двајцата биле задржани во Полициската станица Тетово и ќе им се изготват поднесоци, соопшти СВР Тетово.