Дополнителни мерки за здравствена хигиена поради Ковид-19 се спроведуваат во сите простории како и надворешноста на кампусот на Универзитот во Тетово особено во овој период кога ќе се одржат јунски и јули испитни сесии, информираат од тетовската високообразовна институција. Од таму потенцираат дека со грижа за лична и колективна хигиена ќе се минимизираат последиците од глобалната пандемија.
-Вработените од техничкиот персонал продолжија со редовна дезинфекција на предавалните на факултетите, кабинетите на професорите, административните канцеларии, спортските терени, како и сите останатите внатрешни и надворешни простории на Универзитетот во Тетово. Максимално сме посветени за непречено одвивање на наставно-научниот процес
особено во овој период кога ќе се одржат јунски и јули испитни сесии, соопштуваат од Универзитетот.
Континуитетот на наставниот процес и наука во пролетниот дел од академската 2019/2020 година во време на пандемија со КОВИД-19 на Универзитетот се одвиваше преку интернет. Преку онлајн отворени денови,од 13 до 15 мај, матурантите имаа се запознаа можностите за студирање на 50-тина студиски програми на 13 факултети со околу 4 илјади слободни места.
А.С