Здружение на Ликовни Уметници на град Тетово утре го организира свеченото отворање на ревијалната колективна изложба „Пролетен Салон 2022“
-Утре 35 визуелни уметници ќе изложат 35 уметнички дела во просториите на Н. У. Уметничка Галерија – Тетово од областа на сликарство, вајарство, графика, графички дизајн и фотографија, информираат од националната установа.
Изложбата ќе биде отворена на Н. У. Уметничка Галерија – Тетово на 17 Maj 2022 година (Вторник) во 19:00 часот.