Од хируршкото одделение при Клиничка болница Тетово демантираат дека се случил напад од страна на лекар врз пациент. Според нивните тврдења немало физички напад.
-Дежурната екипа која била на работа критичниот ден го демантира случајот. Истите биле вервално нападнати од пациентот и истото е пријавено во МВР. Дежурните лекари Ф.С и Ш.Ф истовремено бараат јавно извинување од пријавителот поради нарушување на угледот, стои во демантот до новинарите испратен по телефонска порака.
Тетовската полиција денес ја објави информацијата дека на 08.09.2019 во 18.00 часот во СВР Тетово, В.С.(67) од с.Брвеница пријавил дека истиот ден околу 17.30 часот додека бил на преглед во Клиничката болница во Тетово бил физички нападнат од Ш.Ф, лекар во болницата.