Во црквата Свети Атанасиј во тетовско Џепчиште попладнево беше извршена вечерна богослужба, водосвет и режење на кумските колачи по повод годишнината од поставувањето и осветувањето на камен темелникот за возобновување на храмот што се извршило на денешен ден во 1991 година од страна на владиката г. Кирил.
Вечерната богослужба, водосвет и режење на кумските колачи ги изврши протејереј Љубиша Блажески. Со режење на кумските колачи определени се кумови за прославата на годишнината за наредната година.