Негувателките и воспитувачките пред се во новите градинки се обучени за работа со деца со нетипен развој со што ќе се работи на достигнување на нивна инклузија. Вработените исто така имаат плата како за службеник кој работи лица со попреченост, изјави министерката за труд и социјална работа Мила Царовска при посетата на Брвеница каде се гради нова градинка.
-По однос на сите нови градинки кои се градат и обуките кои се во тек тие треба да бидат инклузивни. И децата кои се типичен развој и децата со нетипичен развој треба да го посетуваат и предучилишното, основното и средното образование во рамки на нивните можности. Исто така и платите на негувателки и воспитувачките се подигнаа на ниво на плата на наставник кој што работи со деца со одредена попреченост. Што значи дека и тие имаат свој коефициент и бод во вкупната плата која ја зголемивме сега за 16 проценти, а во октомври платата ќе има им биде исплатена со плус пет проценти што значи зголемување од 21 процент на вработените во градинките и со тоа очекуваме приемот на овие децата да биде соодветен и да тие справуваат со предизвиците кои децата со попреченоста ги имаат, рече Царовска.
Руралните општини како Брвеница имаат можност да градат нови дневни центри и за лица со попреченоста над детска возраст.
-Доколку има потреба за развој на посебен дневен центар за возрасни лица со попреченост во оваа општина, тогаш општината може да се пријави сега на огласот кој што сега е на Министерството објавен за развој на социјални услуги. И тука доколку се обезбеди простор ние би го тоа опремиле и дале финансиски средства со цел општината да стартува со социјална услуга дневен центар или друг тип на сервис социјален кој што е потребен за ова и сите други општини. Општините се потготват со иницијативи и да ги пратат до Министерството, порача министерката.