На 11-тото традиционално летно искачување на најависокиот шарпланикси Титов врв учествуваа 60-тина планинари информираат од планинарските клубови „Тетекс“ и „Јелак“ од Тетово кои заеднички ја организираат манифестацијата. Сите планинари кои тргнале на походот успешно се искачиле до 2747 метри надморска височина и се вратија на Попова Шапка.
-Според предвиденото искачувањето започна од 7 часот на Попова Шапка и траеше се до 10:30 часот кога првите планинари стигнаа на одреденицата на Титов врв. По пат сите кои се чувствуваа подготвени однесоа дел од материјалите што колегите од ПД „Аргентус Моунт“ го носат за реконструкција на планинарската кула на Титов врв, изјави Борис Стојановски-Цули од ПК „Јелак“.
Како карактеристика на летното искачување се погодните и речиси непроменливи временски услови кои даваат можност за поголемо планинарско задоволство при пешачењето до Титов врв, велат од клубовите.
-Идеално време со значително пониски температури од градовите и тоа до 10 –тина степени помалку. Важно е што немаше дожд и ветер и постојано беше така во текот на сите часови на искачување, престој и враќање кон Попова Шапка, рече Стојановски.
На врвот планинарите се задржале околу два часа за да одморат, да се поделат благодарници и налепници за учество. Враќањето било започнато околу 12:30 часот.