Министерството за внатрешни работи соопшти денес дека вчера полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.З.(32) од с.Копанце,тетовско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени една автоматска пушка, една рамка со 19 куршуми калибар 7,62мм, еден пиштол „Берета“ со една рамка, 162 куршуми калибар 7,62мм и еден куршум калибар 7,65мм.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот и со соодветен поднесок денеска (18 октомври) ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.