• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
петок, 19 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result




Home Вести

Агенцијата за млади и спорт го предаде новоизградениот базен на Општина Тетово

05/07/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Агенцијата за млади и спорт на Општина Тетово и го предаде на користење базенот, дел од владината програма за изградба на 14 вакви објекти низ државата. Тетовскиот базен е првиот кој во државата е комплетно завршен и предаден на локалната самоуправа. Базенот е изграден до спортската сала на просторот од поранешниот спортски центар.

-Со општината соработувавме и за поставување на фотоволтаични панели на покрив за создавање на електрична енергија и со тоа ќе се намали набавка на струја. Затоа забави овој проект,заради изготвување на тие документи и дозволи, Агенцијата и општината заедно требаше да ги набават, изјави Наумче Мојсовски, директорот на Агенцијата за млади и спорт.

-Ова е добар пример на соработка на локална со централна власт, може да реализираме проекти во интерес на граѓаните. Во овој случај да учат ученици пливање, изјави градоначалникот на Тетово,  Биљал Касами.

Агенцијата имаше проблем со фирмата изведувач во неколку други градови, а според Мојсовски сега проблемите се надмине и ќе продолжат да се доградуваат.

-Почнаа мината недела да градат, покриени се базените, следува да се постави електрика. Кичево и Битола се малку назад, другите три Штип и двата во Скопје се во напредна фаза. Следна недела планираме да ги објавиме и следните четири кои се во Чаир, Карпош, Струмица и Кавадарци, изјави Мојсовски.

Според градоначалникот Касами засега базенот ќе го раковиди Секторот за јавни дејности, а понатаму ќе се размисли дали тоа да го прави општинско јавно претријатие за менаџирање со спортски објекти.

 

 

Поврзани објави

Вести

Почина 23 годишната девојка од Сараќино која како пешак тешко беше повредена на 15 август во Тетово

19/08/2022
Вести

Пешак на 80 години тешко повреден на улица во Тетово

19/08/2022
Вести

Приведен 60 годишник од Седларево за пукање на свадба

19/08/2022
Вести

Илија Димовски: Со победата на ВМРО ДПМНЕ во Тетово се најавува политички пресврт во Македонија

18/08/2022
Вести

Завршна конвеција на СДСМ во Тетово, Димитар Ковачевски со поддршка на иницијативата Тетово сака парк

18/08/2022
Вести

Јане Ченто: Tетово заслужува луѓе кои ќе го направат модерен и современ град

18/08/2022
Следна објава

До фудбалското игралиште на спортски центар треба да се гради мултифункционално игралиште и атлетска патека

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.