• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 2 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Активист на Беса повикан на информативен разговор во полиција поради паролите за ДУИ поставени низ градот

Младинско движење“ на социјалните мрежи  објави дека стои зад поставувањето знаци и налепници со натпис „Јавна куќа ДУИ“

12/07/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Активистот на движењето Беса, Артан Етеми бил повикан во тетовската полиција на информативен разговор поради поставените знаци на неколку места во Тетово на кои имаше понижувачка содржина за ДУИ.

Претседателот на Беса, Билал Касами поради повикувањето на активистот дојде во тетовската полиција за да бара објаснување. Тој во изјава за локалната телевизија Коха од Тетово, истакна дека полицијата во Тетово, треба да ги брани активистите, наместо криминалците.

-Ова се случува кога политичките партии, кога власта оди на погрешен пат, наместо да се занимаваат со заштита на граѓаните, наместо да им служи на граѓаните, се занимаваат со заштита на криминална група, која функционира како паралелна група во  ДУИ, рече Касами по напуштањето на полициската станица во Тетово заедно со активистот Артан Етеми .

Инаку „Младинско движење“ на социјалните мрежи  објави дека стои зад поставувањето знаци и налепници со натпис „Јавна куќа ДУИ“.

СВР Тетово соопшти дека непознати лица во 10 локации, односно кружните текови низ градот, на метални столбови и на сообраќајни знаци поставиле постери со понижувачка содржина насочена кон политичката партија ДУИ.

 

Тагови: бесадуизнацинавредлива содржина

Поврзани објави

Вести

СВР Тетово: Приведени крадци во тетовско, фатени на дело

02/12/2023
Вести

Возило удрило во мече, кое било повредено но продолжило да се движи

01/12/2023
Вести

Апел од СВР Тетово за внимателност поради влажни и замрзнати коловози, задолжителна зимска опрема за возилата

01/12/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово-приведен 24 годишник за најдена марихуана

01/12/2023
Вести

Во двор од основно училиште во Тетово е најден пиштол

01/12/2023
Вести

Kомунални работници го прекинаа штрајкот, насобраниот смет ќе се подигне

01/12/2023
Следна објава

Француска вечерна програма во Тетово

Tetovo, MK
сабота, декември 2, 2023
scattered clouds
13 ° c
52%
9.53mh
44%
14 c 2 c
нед
6 c 1 c
пон
7 c 3 c
вто
7 c 6 c
сре

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!