Кандидатот за пратеник од редовите на опптинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Тетово, Александар Велјановски на прес-конференција ги потенцираше обврзувањата кои ги прави партијата со проектот Обнова за Македонија во областа на здравството.
-Поразителната состојба на здравствениот систем во Македонија е очигледна. Системот е дисфункционеален и пред колапс, а најмногу од се, поразителен е фактот дека се повеќе лекари и медицински пероснал заминуваат од Македонија. За ова да се спречи, ВМРО-ДПМНЕ во својата програма Обнова предвидува сет мерки и проекти со кои ќе се заложи максимално враќање на здравствениот систем во нормала и создавање на модерно и квалитетно здравство.
Ние предвидуваме подобрување на кадровската екипираност во здравството. Се обврзуваме да обезбедиме достоинствени примања на лекарите и останатиот персонал. Мора да го зајакнеме примарното здравство затоа што само здрава нација е силна нација. Исто така предвидуваме изработка на национална здравствена стратегија за млади лекари и за семејни лекари со новиот концепт лекар Мојот лекар се грижи за моето здравје, раст на вредностната капитација од 5 проценти во 2022 и 5 проценти во 2023 година.
Соодветно вреднување со дополнителни 50% од својот личен доход во октомври на сите здравствени лица кои се на првата линија во борбата со овој Ковид-19 и обезбедување на меѓународни експерти за сузбивање на ширењето на Ковид-19 како и справувавње со истиот.
Како капитална инвестиција предвидуваме модернизација на клиничката болница во Тетово која ќе прерасне во универзитетска клиничка болница за која е предвиден буџет од 600 милиони денари.
Формирање на координативно тело на национален координатор за здравство. Намалување на листите за чекање на медицински услуги, зајакнување на инфективните одделнија во земјава. Предвидуваме и здравство без хартија, е-здравство кое ќе го оптимизира здравствениот систем , ќе се олесни работата на медицинскиот персонал и ќе се зголеми достапноста на здравствените услуги.
Почитувани граѓани, ние веруваме дека вие ги препознавате вистинските квалитети на водење држава. ВМРО ДПМНЕ ја направи програмата „Обнова“ според ваши предлози и мислења. На 15 јули, со заокружување на бројот 14 обновата ќе започне за сите. Ќе ја вратиме Македонија на вистинскиот пат, ќе ја обновиме во силна држава, просперитетна и сигурна, еднаква за сите, истакнува Велјановски.