Кандидатот за пратеник од Тетово, на листата на коалицијата Обнова за Македонија, предводена од ВМРО ДПМНЕ, Александар Велјановски одржа прес-конференција по повод завршување на предизборната кампања во пресрет на вонредните парламентарни избори на 15 јули.
Драги сограѓани,
ВМРО ДПМНЕ во изминативе 3 недели кампања секојдневно беше со вас, со народот. Ние имавме цел, нашата програма, Обнова да стигне до сите вас, затоа што веруваме во принципиелна политичка борба на програми и проекти. Проектите се ваши идеи кои стручните тимови на ВМРО ДПМНЕ ги запишаа во програмата Проект Обнова – Се Обврзуваме.
Ние, како идни пратеници во Собранието на Република Македонија предводени од претседателот на ВМРО ДПМНЕ г-дин Христијан Мицкоски како иден премиер на државата, Се обврзуваме и стоиме позади секој еден збор во нашата програма.
Нашата визија е: Република Македонија силна и ефикасна држава во која владее правото и правдата. Република Македонија безбедна и интегрирана држава со конкурентен, приватен бизнис сектор.
Почитувани, времето на лажни ветувања и лажливи политичари завршува на 15 јули.
Уште само неколку дена нѐ делат од изборите, а поддршката на која наидуваме е огромна.
Вашиот срдечен прием ни дава огромна надеж дека работите можат и мора да се поправат.
Токму затоа, За сите нас заедно, за нашите семејства, за нашите родители, за нашите деца, за минатото и иднината, за сѐ што сме создале Ве повикувам на 15 јули, масовно да излеземе на гласање и да го заокружиме бројот 14, за Обнова, за ВМРО ДПМНЕ, за Република Македонија, истакна Велјановски, член на ОК ВМРО ДПМНЕ и на партискиот Извршен Комитет.