Прес-конфренција одржа Александар Велјановски, кандидат за пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ Тетово заедно со носителката на листата во шестата изборна единица Дафина Стојаноска.
-Три години сме сведоци на организираниот криминал и антимакедонската политика предводена од СДСМ на чело со Зоран Заев. Вчера граѓаните на Република Македонија имаа можност да слушнат аудио снимка за уште едно од низата организирани криминални дејствија во која се споменуваат звучни имиња од власта.
Нова организирана криминална зделка во која учествуваат старите познати актери Зоран Милевски Кичеец, Драги Рашковски и главата на криминалниот октопод Зоран Заев. На аудио снимката се слуша дека бизнисмен исплатил 300 илјади евра на генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, за да го добие просторот на шумарско индустрискиот комбинат Јелак кој се простира на неколку илјади метри квадратни во непосредна близина на центарот на Тетово. Сомнеж дека Владата е инволвирана во оваа организирана криминална зделка е фактот дека на 115 седница на Владата одржана на 15.1.2019 како 120-та точка била разгледувана информацијата за имотот од стечајна постапка од должмникот ШИК Јелак АД Тетово. Владата ја усвоила информацијата и донела одлука за давање на согласност преку нотар да се понуди дел од деловниот простор на другите сопственици.
Намерата на Владата за криминална распродажба на имот на Република Македонија беше осуетена од страна на советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Тетово. Ние на седницата на Совет, праваме чиј бизнис интереси се штитат со носење на детален урбанистички план во услови на вонредна состојба.
Распродажбата која Зоран Заев ја започна со името, јазикот, идентитетот и историјата завршува со распродажба на имотот на Република Македонија само заради лични интереси и богатење преку грбот на граѓаните. На оваа тотална распродажба на минатото, сегашноста и иднината на Република Македонија мора да и се стави крај, а крајот ќе дојде на 15 јули, истакна Александар Велјановски.