• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Алијанса на Албанците бара лидерска средба каде ќе бидат албанските партии и меѓународни претставници

Партијата Алијанса на Албанците на денешната прес конфреренција во седиштето во Тетово истакна несогласување со идејата да има разговор помеѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски. Портпаролот  Флакрон Беџети истакна самиот формат на средбата од која се исклучени Албанците не дава простор дека ќе има значителен епилог, а смета дека тоа може да се постигне на друга средба со присуство на меѓународниот фактор сличен на Пржино.

10/09/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Партијата Алијанса на Албанците на денешната прес конфреренција во седиштето во Тетово истакна несогласување со идејата да има разговор помеѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски. Портпаролот  Флакрон Беџети истакна самиот формат на средбата од која се исклучени Албанците не дава простор дека ќе има значителен епилог, а смета дека тоа може да се постигне на друга средба со присуство на меѓународниот фактор сличен на Пржино.

-Во принцип како политички субјект сме за политички дијалог компромис, консензус и договор за одредени политички прашања од јавен интерес но категорично се спротиставуваме на затворена средба на премиерот Заев и лидерот на ВМРО ДПМНЕ со исклучување на Албанските политички сили и нивното раководство. Досега имало две групи кои работеле на законото за јавно обвинителство сочинети со членови на Владата без да бидат вклучени албанските партии. Јавно прашуваме кој им дал право на премиерот Заев и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски да ги исклучат или да не ги поканат лидерите од албанскиот политички блок. Ниту Заев ниту Мицкоски не можат да одлучувуваат за судбината на специјалното јавно обвинителство (СЈО) кое некогаш беше донесено со политички и етнички консензус иницирано од меѓународниот фактор. Јавно прашуваме кој ќе ги прашува албанските партии на лидерската средба Заев или Мицковски. Кој ќе зборува во име на Албанците за законот за јавното обвинителство. Кој ќе зборува во име на албанските граѓани доколку се отвори темата предвременски парламентрани избори  бидејќи не се исклучува можноста на таа средба да се разговара и за други актуелни теми претпоставуваме за пописот на населението. Што можат да помислат граѓаните Албанци ако само Заев и само Мицковски зборуваат или се договараат за пописот. Зошто се отвора простор некој да греши или да не греши во констатација и предрасуди, истакна Беџети.

Партискиот портпарол за средбата ја критикуваше и Демократската унија за интеграција.

-За жал ДУИ денес продолжува со политички дуализам со СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Еднаш се согласува со законот за обвинителство и од другата страна идентичен став со тој од ВМРО ДПМНЕ за тоа како предметите на СЈО треба да се пренесат од СЈО во републичкото обвинителство . Господине Заев вие може да разговарате заедно со Мицкоски за ДУИ и во нивното име, но не во име на албанските граѓани. Може да се договорите да ги амнестирате поранешни и сегашни функционери вклучени во одредени предмети на СЈО но не можете да зборувате за правда, за реформи, интеграција, во Европската унија, изборен законик, предвремени избори, затоа што уште на прв поглед оваа средба значи не изгледа сериозно, истакна Беџети.

Пред новинарите тој истакна дека останува нивниот политички став дека најдобро решение би било заедничка политичка маса на сите политички сили во земјата.

-Да се создаде можност за политички консензус, со што би се сменил изборниот законик и ќе ја подготвиме земјата за парламентарни избори. Паралелно со реформскиот процес да се именува странски експерт од Европска унија и од САД,рече Беџети.

Тагови: Алијанса на Албанцитепрес конференција

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Во Тетовско повеќе пијани зад волан, во Гостиварско возеле побрзо од дозволеното

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.