• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Амбасадорката Кејт Мари Брнс во Вратница на одбележување 75 години од падот на американски воен авион

25/11/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во тетовска Вратница викендов беше одбележана 75 годишнината од падот на американски воен авион при што се загинати шест војници, а тројца се спасени од мештаните. Одбележувањето беше пред споменикот посветен на американските војници во Вратница како и со планинарски марш до местото каде паднал авионот.

-Нејзината екселенција Амбасадорот на САД во Македонија, Кејт Мари Брнс, имаше можност да го посети споменикот на загинатите војници што се наоѓа во дворот од црквата Света  Петка во Вратница, и да слушне повеќе за храбриот потег на Вратничани кои успеале да ги спасат преживеаните. Следеше планинарски марш до местото Сл’бица на околу 1600 метри надморска височина, каде што паднал авионот, а воедно и дружење со жителите на Вратница и гости – љубители на природата. Амбасадорката Кејт Мари Брнс и претставници на Амбасадата беа воодушевени од природните убавини Посетата на амбасадорката на САД на Вратница беше по иницијатива на Душан Синадиноски, еден од авторите на книгата „Вратничка Енциклопедија“, информираат од месната заедница Вратница.

На 26 август 1944 година американскиот авион „Наша Љубов“ жителите на Вратница го забележале како гори во воздух.

-Сите биле на работа по нивите. Кога виделе дека паднал кај Ливадица, сите ги оставиле работите и отишле ме да им помогнеме. Тројца биле под авионот загинати и изгорени, а тројца паднати на околните дрвја.  Тројца биле повредени па им помогнале со повредите. Потоа дошле бугарски војници и одвеле. По ослободувањето еден од преживеаните дошол заедно со семејствата на војниците кои загинаа. Ги зедоа посмртните останки кои беа кај црквата, вели Живе Кировски од Вратница.

На 26 ноември 2014 спомен плочата во Вратница ја открија тогашниот американскиот амбасадор Пол Волерс и тогашниот министер за одбрана Зоран Јолевски.

Тагови: американски авионвратницагодишнина

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

Повредена жена во пожар во тетовско Теарце

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!