• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Анита Бошкоска Јованоска: 100 дена одговорна и посветена работа во интерес на тетовчани

15/02/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Прес конференција по повод 100 дена од работата на новата локална власта одржа Анита Бошкоска Јованоска,  претседателка на Унија на жени при ВМРО ДПМНЕ и советничка во Советот на Општина Тетово. Ја пренесуваме содржината на излагањето во целост.

Анита Бошкоска Јованоска: Сакаме да дадеме осврт на сработеното во овие изминати 100 дена од работата на локалната власт ,осврт кој нема да е одговор на пресот на СДС, со оглед на тоа што имаа доволно време да ги решат сите овие проблеми кои ги набројуваат а не сработија ништо ,туку ја оставија општината во рекорден долг од 24 милиони евра .

100 дена одговорна и посветена работа во интерес на тетовчани !

Тетово се менува! Заедно со вас ставививме крај на лошото менаџирање, нетранспарентноста, неодговорноста и криминалното работење на општината предводена од ДУИ и СДСМ .

– Во првите 100 дена се работеше на откривање на сите незаконски договори со финансиски последици по буџетот на општината, комуналните претпријатија, училиштата и градинките и како што веќе сте информирани само во 2021 година има потпишано 811 договори на дело со лица од кои повеќето не оделе на работа или извршувале  партиски работи а земале пари од општината.

– Отпочната е постапката за Суспензија на ДУП-от кај некогашниот ШИК Јелак во Тетово донесен од претходниот совет предводен од ДУИ и СДСМ на начин, кои мириса на корупција со кој се сакаше да се бетонира Тетово со 27 седумкатници и четири големи трговски единици, од кои една огромна каде би се населиле 8 илјади граѓани .

⦁ Стабилизирана е состојбата на ЈП Градскиот паркинг и исплатени се две заостанати плати а се изготви план за изградба на паркинзи за 2022 година каде се планирани и катни гаражи. 

 ⦁ Стабилизирана е состојбата на ЈКП Тетово и исплатени се две заостанати плати и редовно се плаќаат придонеси за здравствено осигурување, кое во 2020 не се плаќале а вработените во ЈКП приватно се лекувале .

⦁ Почист град

Редовно се  раскрева  и транспортира  сметот од тетовските улици, се заменуваат  старите контејнери  со нови и се прават планови за поставување на полуподземни контејнери,  со кои ќе се реши проблемот со создавањето на мини депонии.

⦁Намален е сообраќајниот хаос низ улиците со ослободување на булеварите од возила кои се непрописно паркирани.

⦁ Се олеснува  урбаниот сообраќај со креирање на еднонасочна коловозна шема со поставување на соодветна сигнализација и соодветна полициска контрола.

⦁ Се поставуваат забрани за движење на камиони и тешки транспортни возила во текот на денот низ централното градско подрачје (стоката може да ја товарат и истоварат во вечерните часови, односно од 19 до 08 часот, додека во недела нема распоред)

⦁ Тротоарите  се ослободуваат од дивите продавачи како што е примерот околу градскиот пазар.

⦁ Се врши ревизија и по ревизијата ќе се довршат сите отпочнати патни инфраструктурни работи како што е на улицата Гоце Делчев и давање на налог за поставување на улични светла .

⦁ Реконструкција на улицата „Браќа Симоски”

⦁Отпочната е работата за  осветлување на стариот дел на градот и замена на старите улични светла  со нови лед светла  .

Приоритет оваа година ќе ни биде пуштање во употреба на капелата за што се издвоени средства во износ од 1.5 милиони денари, средување на просторот на православните гробишта во с.Фалише, како и прередување на коцката во стариот дел на Тетово.

Почитувани, ние сме партија за која карактеристика е ветеното да го остварува. Затоа ќе ги исполниме сите ветувања кои Ви ги дадовме и со кој ја добивме Вашата доверба која нема да ја изневериме . Не застануваме тука ,нови проекти ,нова иднина – промена кон подобро  утре за сите нас .

Поврзани објави

Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Вести

Министерството за животна средина предаде на Тетово лабораториска опрема од 177 денари

30/01/2023
Вести

Загубите во висина од четири милиони денари на ЈП „Тетово транспорт“ ќе се покријат со средства од општинскиот буџет

30/01/2023
Вести

Казнети осум возачи за управување возила под дејство на алкохол

30/01/2023
Вести

Дете повредено со нож од друг малолетник

30/01/2023
Вести

СВР Тетово: Изминатиот викенд еден малолетник затекнат во угостителски објект на улица „ЈНА“

30/01/2023
Следна објава

За три часа казнети 33 пешаци за неправилно преминување на улица

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.