• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Инфо компас

Анкета-Загриженоста за инфицираност со коронавирус 52 отсто

Податоците укажуваат и на тоа дека и младите сериозно ја сфатиле работата, односно бројот на загрижени за себе и за своите блиски на возраст од 18-29 години се зголеми од 28% на 47%“, истакнуваат од агенцијата Ипсос.

24/03/2020
во Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Податоците добиени од вториот бран на истражувањето за перцепциите на граѓаните за корона вирусот, спроведено во периодот од 16-ти до 20-ти март, покажуваат зголемување на загриженоста на граѓаните. Бројот на оние кои изразиле голема или многу голема загриженост дека лично, или член на нивното семејство, би се инфицирале од корона вирусот, се зголеми од 38% на 52%.

-Зголемувањето на бројот на заболени од корона вирусот во нашата земја ја зголемува загриженоста на граѓаните, па веќе секој втор наш сограѓанин е во голема мера или многу загрижен за сопственото здравје и здравјето на своите најблиски. Податоците укажуваат и на тоа дека и младите сериозно ја сфатиле работата, односно бројот на загрижени за себе и за своите блиски на возраст од 18-29 години се зголеми од 28% на 47%“, истакнуваат од агенцијата Ипсос.

Истражувањето покажува дека граѓаните сметаат дека надлежните институции продолжуваат навремено и добро ги информираат граѓаните за секојдневниот развој на ситуацијата, и продолжуваат со доброто справување со ситуацијата поврзана со корона вирусот.

-За разлика од првиот бран на истражувањето кога, според податоците, граѓаните ја перцепираа заканата од корона вирусот поголема за светот, отколку дома, во вториот бран на истражувањето граѓаните веќе согледуваат дека короната не е некаде далеку во светот, туку тука, кај нас, и претставува закана и за нашата земја “, истакнуваат од Ипсос.

Истражувањето беше спроведено во вид на телефонска анкета, на национално репрезентативен примерок од 500 граѓани на Македонија, во периодот од 16 – 20-ти март, 2020 година.

Поврзани објави

Инфо компас

Општина Брвеница: Граѓаните да платат данок на имот за да нема присилна наплата

29/01/2023
Инфо компас

Повик од Општина Брвеница граѓаните да платат данок на имот

28/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

26/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија

25/01/2023
Следна објава

Наставата на интернет на УЈИЕ во насоката да ги опфати сите студенти

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.