• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Инфо компас

Мета : Антикорупциска комисија отвори постапка за ЈП „Градски паркинг – Тетово“ по неповолниот ревизорски извештај

10/06/2020
во Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Агенцијата Мета вчера објави текст во кој се вели дека Државната комисија за спречување корупција (ДКСК)  отвори постапка за Јавното претпријатие „Градски паркинг – Тетово“, откако го разгледа извештајот за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност на Државниот завод за ревизија за работата на ова претпријатие за 2018-та година, во кој се најдоа серија на законски прекршувања, пренесува „Порталб.мк“.,

– Денеска решивме да отвориме постапка, во која ќе се соберат податоци и истите ќе бидат верификувани. Откако ќе завршиме, ќе ја информираме јавноста за натамошните чекори – вели за „Порталб.мк“ членот на Антикорупциска, Шемси Салаи.

Според постапката, Антикорупциската комисија после прибирањето на податоците во врска со законските прекршувања кои се наведени во Ревизорскиот извештај, треба да информира околу тоа дали ги утврдиле пропустите. Ако истите се утврдуваат, тогаш, Антикорупциска треба податоците да ги предаде во Обвинителство, инспекторат или други надлежни институции, кои треба понатаму да постапат по овој предмет.

Од основањето на НП „Градски паркинг – Тетово“ се применува зонското паркирање, а на чело на оваа претпријатие е Фејсал Беадини. Во 2018 година, за која е правена ревизијата, Беадини поднесе оставка откако дел од вработените објавија отворено писмо во кое беа наведени наводни злоупотреби, што според нив, се случиле во претпријатието. На негово место, за директор беше назначен Садат Алили, кој сè уште е на оваа позиција.

Во врска со овие обвинувања, Беадини вели дека за време на неговата работа имало прекршување на процедурите, но не и противзаконски дејствија.

Тој не се согласува во целост со ревизорскиот извештај, велејќи дека позајмените средства се искористени за плати на работниците.

„Што се однесува до ревизорскиот извештај, сметам дека станува збор за процедурални пропусти, за што се разбира, добивме препораки за истите да се подобрат во иднина. Како ново формирано претпријатие, управување е предизвик сам по себе и овие пропусти се главно поврзани со недостаток на капацитет на администрацијата на претпријатието, кое и денес е во консолидација и во фаза на работење. Во врска со позајмените средства од претпријатието констатирам дека истите се позајмени за да издавање на плати на вработените и дека подоцна претпријатието истите ги вратило во согласност со договорот за заем, истите не биле користени за ненаменски трошоци, како што вели ревизорот. Што се однесува до средствата потрошени за службени телефони, мислам дека тие целосно се разумни бидејќи работата и активноста на оваа претпријатие не може да се смисли без паметни уреди, затоа што обележувањето, блокирањето и контролата на паркираните возила се врши со таков систем и бара пристап на интернет додека работат на терен, а истото треба да го поседуваат сите теренски работници, кои се десетици“, рече Беадини за Порталб.мк.

Сепак, во извештајот на ревизијата се вели дека ЈП „Градски паркинг – Тетово“, не испратил официјална забелешка до нив за ревизијата, стои во текстот објавен на Мета.мк 

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Инфо компас

Ова лето FLAIR бренд на спортска облека нека биде твојот избор

01/06/2023
Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 1 јуни

01/06/2023
Следна објава

Шефот на општинскиот изборен штаб на општинската организација на СДСМ Тетово, Илија Димитриевски одржа прес конференција

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!