• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 1 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Бесплатен паркинг во дворовите на училиштата во Тетово и Гостивар

Во Тетово и Гостивар може бесплатно да се паркира во дворовите на училиштата поради зголемување на бројот на возила со доаѓањето на привремено вработените во странство.

05/07/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Тетово и Гостивар може бесплатно да се паркира во дворовите на училиштата поради зголемување на бројот на возила со доаѓањето на привремено вработените во странство. Полицијата и општините образложуваат дека одлуката заеднички е донесена со цел да се овозможи и нормален и проточен сообраќај.

Со доаѓањето на привремено вработените во странсво, кои традиционално дел од летниот одмор го поминуваат во нивните родни краишта,  се зголемува и фреквенцијата во сообраќајот во поширокото Полошко подрачје, а со тоа се зголеми и потребата од повеќе места за паркирање во Тетово и Гостивар. За да на се создава метеж Секторот за внатрешни работи Тетово, во соработка со општините Тетово и Гостивар, како привремени паркинг простори ги пушти во употреба дворовите на училиштата на местата каде што има зголемена фрекфенција во сообраќајот, соопштуваа од СВР Тетово.

Во градското подрачје на Тетово граѓаните нивните возила можат да ги паркират во дворовите на средното училиште ,,Кирил Пејчиновиќ“, -Гимназија, кај старото медицинско училиште, како и кај основното училиште ,,Истикбал“.  Во Гостивар, за оваа намена, привремено се ослободени за паркирање дворовите на сите основни и средни училишта, кои се наоѓаат во градот.

Апелирааме возачите да ги користат овие привремени паркинг простори, кои се бесплатни и нивните возила да не ги паркираат каде што ќе стигнат. Да ги почитуваат законските правила и прописи во сообраќајот, за да се овозможи нормален и проточен сообраќај,соопштуваат од СВР Тетово.

Казните за погрешно и непрописно паркирање се движат од 20 до 180 евра во денарска противвредност.

Тагови: БесплатенГостивардворовитепаркингТетовоучилиштата

Поврзани објави

Вести

Полицијата „растури“ со казни за брзо возење-164 казнети од 10 до 15 часот

01/10/2023
Вести

Се одржи јубилејниот 20-ти карате турнир „Тетово опен“- учествуваа над 550 каратисти 

01/10/2023
Вести

Љубовта кон фолклорот се пренесува со генерации – концерт на КУД „Бранко Чајка“ Тетово по повод 30 години јубилеј

01/10/2023
Инфо компас

Од 3 до 9 часот повици до пожарната да се прават на бројот 076233275

30/09/2023
Вести

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово: Литературата ги надминува националните граници

30/09/2023
Вести

Во Тетово утре ќе се одржи јубилејниот 20. карате турнир „Тетово опен“

30/09/2023
Следна објава

Од октомври треба да почне да работи фабрика за производство на стакло во Технолошко- индустриската развојна зона Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!