• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 28 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

Библиотеката „Кочо Рацин“ од Тетово го очекува својот дом по децении минати во чести преселби-Во 1976 година „Библиобус“ носел книги до читателите

Годинава кога библиотеката „Кочо Рацин“ од Тетово бележи 75 години од основањето во 1945-тата го очекува и вселувањето во новиот објект каде трајно треба да биде решен просторниот проблем со кој се соочуваат со децении. Исто така годинава тетовската библиотека бележи „полнолетство“ односно 18 години  функционирање како „потстанар“ во простории на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“.

25/02/2020
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Годинава кога библиотеката „Кочо Рацин“ од Тетово бележи 75 години од основањето во 1945-тата го очекува и вселувањето во новиот објект каде трајно треба да биде решен просторниот проблем со кој се соочуваат со децении. Исто така годинава тетовската библиотека бележи „полнолетство“ односно 18 години  функционирање како „потстанар“ во простории на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“. Просторниот проблем е најголемиот предизвик со кои се соочуваат вработените со оглед дека на  располагање имаат 230 метри, а според стандардите за работа би требало да имаат околу 1000 квадратни метри.  Во овој објект се поставени само дел од книгите. Тука се сите оддели-за деца, возрасни, каталогизација, весници и странска литература.  Одделот за роднокрајна литература и канцеларии има во друг дел од Центарот за култура.

-Вкупен број  на книги во библотеката е 82.821, а вкупен број на наслови 31.796. Поради недостиг на простор голем дел од постариот фонд на книги се внесени во стари инвентарни книги,  но  не се внесени во COBISS системот. Тие се ставени во посебен магацински простор и не се достапни за зајмување.  Не сме во можност да ви дадеме точен број на овие книги. Вкупен број на книги евидентирани во текот на 2019 е 2492 , а вкупен број на наслови 985. Број на активни читатели во Библиотеката во текот на 2019 изнесувал 5255, велат во тетовската библиотека анализирајќи ги статистичките податоци.

Како вработените така и за членовите-граѓаните има проблем поради недостигот на простор и немањето читална.

-Има книги кои поради одредена спецификација установата ја дава на користење но само во сопствените простории. Во идеални условите тоа би значело читателот да ја користи,чита книгата во читална, која за жал не постои во тетовската библиотека. Така некои луѓе кога имаат потрреба за таква книга во самата библиотека може да ја погледнат и така да ја искористат, вели библиотекарката  Билјана Матовска.

Сите сите надежи и очекувања се завртени на само педесетина метри од оваа локација каде се се сместесни сега.  До Центарот за култура, веќе неколку години се гради голем објект во кој треба да бидат сместени националните установи Библиотека „Кочо Рацин“ како и Тетовски театар.

-Станува збор за голем објект каде ќе има предвидено цел еден кат и половина од еден од катовите за тетовската библиотека. Според најавите кои ги имаме со тоа ќе биде решен просторниот проблем и библиотеката. Така ќе се се обезбедат сите потребни простории според стандарди за една библиотека и ќе има соодветни места за изложување на книгите, читална, кафе катче, канцеларии за вработените, кујна, магацински и помошни простории и слично, објаснува библиотекарката Билјана Матовска.

Наназад низ историјата библиотеката во Тетово бележи чести преселби, бележи во книгата од 2010 година  „Од читалиште до современа библиотека“, авторот Владимир Кочоски, поранешен директор на оваа установа. Формирана е во 1945 година од страна на Поверенството за народна просвета која има задача да го организира народоното просветување.

Библиотеката била сместена во куќа која тогаш била конфискувана од тетовски трговец Мато Симоски-Ченка. Во 1952 година библиотеката наместо дел од Поверенството за просвета станува самостојна културно-просветна установа. Потоа започнуваат неколкуте преселби на библиотеката-прво во куќата на семејството Ефчески, потоа во приземните простории во објектот познат како „Ловец“ во центарот на градот каде всушност порано бил стариот Дом за култура. По една година детскиот оддел се враќа во куќата на Ефчевски, додека одделот за возрасни во куќата на семејството Рудичевци на улица Страшо Пинџур.  Во 1967 година повторно библиотеката се враќа во куќата на Мато Симовски-Ченка каде ќе опстојува се до 2002 година, кога имотот со денационализација се враќа на наследниците.

Во книгата, Кочоски бележи дека во 1976 година тогашните државни органи издвоиле средства за набавка на комбе возило каде се монтирале полици кое било наречено „Библиобус“ со намера да ги носи книгите до читателите.

-Цели десет години библиотекарот Војислав Димиќ секојдневно ќе оди низ селските населби носејќи литература до читателите. На тој начн со библиобусот со книги ќе се снабдуваат 1500 членови годишно, бележи Кочовски во книгата.

Со цел да се приближат книгите и литературата до читателите во седумдесеттите години биле отворени и пет рурални центри за да бидат отворени библиотечни клонови во Селце, Вратница, Стримница, Џепчиште и Пирок.

Александар Самарџиев

Поврзани објави

Вести

Жителите на Тетово бараат трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња

18/01/2023
Теми и интервјуа

Евентуалната дислокација на објектите ќе предизвика хаос со игрите на среќа

02/01/2023
Теми и интервјуа

Надир Мурсели: Планинарењето почнува и треба да заврши дома, да се вратиш здрав и жив

31/12/2022
Теми и интервјуа

Во Тетово ретко се почитува Законот за заштита од пушењето, се пуши и во болнички простории

18/12/2022
Теми и интервјуа

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа 55 победи во 2022 година

12/12/2022
Теми и интервјуа

Пензионираниот доктор Џеки со мини-амбуланта во автомобилот, брзата интервенција спасува живот

04/12/2022
Следна објава

Владата најави отворање Мултиетнички Центар за третман на деца со аутизам АДХД и Аспергеров синдром во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.