Селото Боговиње е место каде се бележат поголем број заболени од КОВИД 19. Боговиње брои 10 лица заболени со КОВИД 19, а меѓу нив е и матичен лекар во селото.
-Министерството за здравство поради тоа сите 156 лица кои биле во контакт со него, определило тие лица да бидат во домашна самоизолација. Издадени им се решенија од Државен санитарен и здравствен инспекторат да поминат 14 дена во изолација дома, соопшти градоначалникот Албон Џемаили.
Позитивни наоди има и кај членовите на семејство на лекарот и кај други вработени во ординацијата.