Од минатата недела 30 годишно момче во тетовско Шипковица полесно може да се движи низ стрмните улици на ова планинско село со помош на новата електрична инвалидска количка која ја доби со залагање на началникот на СВР Тетово Амир Далипи. Раководителот на тетовската полиција за добивање на ваква количка се ангажирал контактирајќи со голем број луѓе кои живеат и работат во странство.
-Мотивите за ваква заложба се повеќекратни, прво човечките емоции кога разбрав за проблемот како и желбата да направам една промена и да дадам придонес за едно подобро општество за кое сите декларативно се залагаме, но и мораме со конкретни чекори да го унапредуваме животот во нашите локални заедници. Од една страна имаме луѓе кои имаат потреба за помош, а од друга страна имаме наши печалбари кои имаат услови за да помогнат. Се заложив и успеав да се спојат двете страни и да помогнеме онаму каде што има најмногу потреба. Лицата со инвалидитет, а посебно во вакви места каде движењето воопшто е тешко имаат потреба од поголема општествена помош, изјави началникот Далипи.
Освен најновиот пример со инвалидската количка, Далипи својата хуманистичка и општествена одговорност ја има покажано и во други насоки. Исто така со залагање и донации на иселениците набавени се машини за уредување на дворот во Дневниот центар за деца со посебни потреби. За децата корисници на установата со истиот принцип се собрани средства за одење на екскурзија.
-Залагањата и посредството со иселениците го искористив и за помош во тетовската пожарна. Со нив сме во редовна работна и институвионална комуникација и знам со кои проблеми се соочуват. Затоа успеавм во намерата за нив да се обезбеди високвалитетна стручна пила за користење во несреќни случаи во вредност од 10 илјади евра, истакна Далипи.
Откако е поставен за началник на СВР Тетово Далипи активно се залага и за подобрување на условите за работо во објектите на полициските станици. За прв пат по изградбата во 1970-тите години комплетно е реновиран целиот објект на полициското оддление во Групчин. Исто така целосни реконструкции се направија во објектите на СВР Тетово каде се вршат работите за издавање на патни исправи. Кругот на СВР Тетово е целосно хортикултурно изменет, а изнесени се стотина возила одземени и конфискувани во истраги.