• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Велигденска порака на митрополитот г. Јосиф

Драги браќа и сестри,сакани духовни чеда на Тетовско-гостиварската епархија на Македонската православна црква. Оваа вечер имам можност да влезам во Вашите домови на малку поинаков начин од вообичаениот. Доколку ми дозволите би сакал да Ви ги пренесам моите пораки.

18/04/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Велигденска порака на митрополитот г. Јосиф до верниот народ на тетовско-гостиварската епархија

Драги браќа и сестри,сакани духовни чеда на Тетовско-гостиварската епархија на Македонската православна црква. Оваа вечер имам можност да влезам во Вашите домови на малку поинаков начин од вообичаениот. Доколку ми дозволите би сакал да Ви ги пренесам моите пораки.

Во овие празнични мигови на воскресенското очекување, дозволете од лично мое име како надлежен епархиски архиереј и од името на чесното свештенство при Тетовско-гостиварската православна епархија да Ви го честитам празникот над празниците: Христовото воскресение – Велигден, со благопожелби за добро здравје, духовен спокој, како и со желби за конечна победа над смртоносниот вирусот, кој предизвика овој најрадосен ден да го дочекаме во едни поинакви услови.

Наоѓајќи се на самиот праг на Христовото воскресение да не дозволиме световната паника и стравот да ни ја намалат воскресенската радост. Имајќи ги на ум зборовите на ангелот: „Не бојте се! Вие го барате Исуса Назареецот, Распнатиот. Тој воскресна!“, во овие вонредни околности повторно од длабочината на нашите срца да Го посведочиме Христовото воскресение, да ја посведочиме пред целиот свет победата на Животот над смртта, победата на вечното над минливото и победата на духовното врз материјалното, постанувајќи сведоци на вечната победа на смислата над бесмислата.

Празнувајќи, овој Велигден нашите молитви нека бидат посветени за телесно и духовно здравје на нашите болни браќа и сестри, како и за сите оние кои и во овие торжествени моменти се грижат за зачувување на општествениот поредок и за здравјето на нашите граѓани. И нив и сите Вас, Воскреснатиот Христос Бог, Победникот над смртта да Ве благослови и обдари со светлината на Неговото тридневно воскресение, влевајќи благодат на воскресенска надеж во Вашите  души.

Како Ваш постојан молитвеник пред Христа Воскреснатиот, се молам за здравје, мир и радост во Вашите семејства. Почитувајте ја важноста и светоста на семејството и бидете секогаш заедно. Враќајќи се кон исконските вредности, да овозможиме светла иднина.

Нека е честит најголемиот христијански празник, радоста над сите радости Христовото воскресение – Велигден.

 

ХРИСТОС ВОСРЕСНА !

НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!

               

 

Поврзани објави

Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 28 март

27/03/2023
Следна објава
здравство министерство

Тетовско бележи вкупно 52 заболени, 4 нови случаи со КОВИД19

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.