• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Викендов по 11-ти пат ќе се организира летно искачување до Титов врв

Заедничка организација на Планинарските клубови Тетекс и Јелак од Тетово. Организаторите очекуваат голема посетеност на планинари од цела Македонија.

21/08/2019
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

По 11-пат викендов ќе се одржи традиционалното летно искачување на Титов врв во заедничка организација на Планинарските клубови Тетекс и Јелак од Тетово. Организаторите очекуваат голема посетеност на планинари од цела Македонија.

Акцијата е планирана како дводневна, така што во сабота, на 24 август, доколку има заинтересирани, ќе има организирано ноќевање на Попова Шапка. Во недела, на 25 август, во 6 часот е планирано тргнувањето со организиран превоз од пред Центарот за култура во Тетово, додека во 7 часот од пред платото на хотелот Попова Шапка ќе се тргне кон Титов Врв.

-Искачувањето ќе се одвива исклучиво по Вакуфската патека за што двата клуба обезбедуваат водичи и техничка поддршка за време на акцијата. Сите останати кои што нема да се придржуваат кон инструкциите на водичите и поставената патека ќе се сметаат дека не се учесници на настанот и за нив двата клуба не превземаат никаква одговорност, вели Снежана Новаковска од ПК Тетекс

Патеката е со должина од околу 12км за што се потребни околу 4 часа за искачување.

-Патеката е со средна тежина, а имајќи предвид променливата временска прогноза, се препорачува сите учесници да имаат заштита од сонце, ветер и дождливо време. Вода има само на половина пат на местото наречено Казани со што се препорачува секој по сопствена проценка и потреба да си ја планира количината на вода што ќе ја носи со себе. Минималната количина на вода се препорачува да не биде под еден литар, вели Борис Стојановски од ПК Јелак.

Сите заинтереирани планинари пожелно е да го пријават своето учество кај организаторите, односно планинарските клубови Тетекс и Јелак, заради успешно организирање на настанот.

Тагови: Летно искачувањетитов врв

Поврзани објави

Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Следна објава

СВР Тетово: Засилени контроли за паркирањето

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.