• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи при теренската посета во тетовско Фалише одговори на новинарски прашања

Се прават кадровските промени кои се очекуваат на денешната посебна седница на Владата. Според него потребно е да се смени фокусот на дејствување на Владата и затоа се потребни промените во администрацијата

17/07/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

При теренската посета во тетовско Фалише вицепремиерот задолжен европски прашања Бујар Османиодговори на новинарските прашања зошто се прават кадровските промени кои се очекуваат на денешната посебна седница на Владата. Според него потребно е да се смени фокусот на дејствување на Владата и затоа се потребни промените во администрацијата.

-Има договор помеѓу коалиционите партнери 4 годишниот мандат на оваа Влада да се дели на два дела. Во првиот дел да се затвораат политичките прашања и да се постигнат стратешки цели на државата во однос на НАТО и ЕУ  и  мислиме дека до крајот на годината ќе биде и НАТО и почеток на на преговори со ЕУ. Остатокот од мандатот се разбира фокусот целосен да се префрли од политка во политики. А тоа значи политики за поголем животен стандард за подобра животна средина за повеќе работни места за повисоки плати итн,рече Османи.

Тој вели дека е исполнет предусловот со затворањето на политичките теми.

-Затоа коалиционите партнери одлучија дека секој во својот двор во својата партија да направи одредени реструктурирања односно обнова на кадровските потенцијали што ги имаат партиите во раководењето на институциите. Очекуваме дека секоја партија да предложи во Владата одредени промени вклучувајќи ја тука и ДУИ, дел ќе бидат преместени од една иснтитуција во друга, зборам за нашите претставници, дел ќе бидат сменети со нови имиња, рече Бујар Османи.

Вицепремиерот оцени дека денес ќе има само одлуки за разрешувања додека на наредни седници на Влада и да се назначуваат нови кадри. Според него помалку од 10 ќе бидат кадрите на ДУИ кои ќе бидат заменети.

Александар Самарџиев

Тагови: Бујар ОсманиВлададуикадровски промениПолитика

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Приведени повеќе лица поради поседување дрога, а еден за издржување затворска казна 

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.