• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 28 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Владата тврди дека има доволно брашно и дека се спречува профитерството во трговијата во време на криза

14/03/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Власта тврди дека се прават обиди за да се сузбие профитерството во трговијата во време на криза. Министерот за економија Крешник Бектеши од Тетово денес изјави дека во однос на прекршоците во петокот како економски тим на Владата добиле извештајот од Државен пазарен инспекторат каде што се утврдени неколку прекршоци главно во Скопје во големите супермаркет.

-Седум супермаркети се казнети по 7 илјади евра.  Побарав од инспекторите да го применат Законот за заштита на потрошувачите каде е предвидено ако се повторат такви прекршоци инспектори можат да забранат забрана на вршење должност и до една година за нечесни практики кои се прават во трговијата посебно во моменти кога има одлуки на Владата а тие  одлуки се донесени во консултации со стопанските комори трговците на мало и трговците на големо. Ние очекуваме и сакам да направам повик до сите институции да работат на заштита на сите потрошувачи сите одлуки на Владата, рече Бектеши кој во тетовски Порој беше во посета на една од мелниците за брашно.

Според него има повеќе од доволна количина на брашно во државата.

-Мелниците имаат задоволителна количина на залихи за да ги покријат потребите на домашниот пазар. Нема никаков простор да се создава паника кај граѓаните за непотребно купување на брашно, имајќи во предвид дека сите количини на брашно кои и се потребни на државата ги имаме во моментот. Мелницата тука во Порој е еден од најголемите извозници на брашно во земјава и во моментот согласно последната одлука за забрана за извоз на одредени житарици, брашно, и масло за јадење сега продава само на домашниот пазар, рече Бектеши. 

Исто така тој смета дека цените на основните прехранбени производи во наредниот период ќе се намалуваат како резултат на одлуките кои што го донесе Владата за заштита на граѓаните од ценовни шокови.

-До крајот на неделата очекуваме целосна стабилизација на пазарот и во зависност од информациите ќе се укине и забраната за извоз која што беше донесена минатата недела. Наш приоритет е да се грижиме за граѓаните и да ги заштитиме од ценовни шокови“ кажа министерот Бектеши.

Министерот кажа дека институциите се во постојана комуникација со српските власти за обезбедување на дополнителни количини на пченица, што не значи дека не се покриени домашните потреби, туку овие количини се со цел одредени наши компании производители на брашно кои се извозници во регионот, по стабилизација на пазарот да може и да извезуваат и да станат поконкурентни и во време на криза.

Поврзани објави

Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Следна објава

Од вкупно 1407 казни за брзо возење годинава, 373 овие две недели

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.