• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 26 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

ВМРО ДПМНЕ во Тетово порача дека Заев нема мандат да се откажува од историјата

04/12/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Вториот по ред  „Протест сега, за да не биде предоцна“на ВМРО ДПМНЕ во Тетово вечерва започна во станбениот комплекс Блок 70 каде партиските членови и симпатизери со собраа со возила по што се движеа по градските улици и булевари завршувајќи пред Споменикот на Револуцијата во центарот на градот. Таму беше оддадена почит за жртвите од бугарскиот фашистички окупатор.

-Помина границата на срамот, многу боли се ова што го прави квинслингот Заев и неговата свита. Ако нашите дедовци и баби од 1941 до 1944 година се бореле против „администрација” како што манипулира Заев, тогаш тоа нив ги прави „окупатори“ а не ослободители. Не!  Нашата слобода е дело на народната борба против окупаторот, со многу жртви, падови и победи. АСНОМ е вториот Илинден.  Денес сме тука обединети под бајракот на Македонија  во оваа наша заедничка борба, борба  за зачувување на сето она за што нашите претци се бореле и со  крв ја натопиле македонската земја  давајќи илјадници жртви  за слобода и создавањето на сопствена држава, истакна Ангел Карапетров, претседател на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Тетово.

Карапетров порача дека Заев може да застанува на нечива страна но само за себе.

-Денес, Заев тргува со Македонија и сака да создаде вештачка нација, се откажува од историјата и борците од АСНОМ и застанува на страната на фашистите, меѓутоа тој може тоа да го прави само за себе, не смее да го прави за целата нација, нема мандат за тоа и никој не му даде право за тоа. Не смее да го продава македонскиот народ, ниту пак македонската историја.Гледајќи ве вас тука, но и нашите браќа и сестри низ цела Македонија  верувам дека  нема да има отстапување од црвените линии и знам дека ќе се бориме се додека оваа ненародна власт се откаже од намерата да се пазари со чувствата на граѓаните, рече Карапетров.

И пратеникот Александар Велјановски кој беше дел од протестите се обрати пред Споменикот на револуцијата.

А.С

Поврзани објави

Вести

Со промоција на видеозаписи и трибина за училишно насилство Црвен крст Тетово ја одбележа Неделата за Промоција на хумани вредности

26/09/2023
Вести

ЦЈЗ Тетово: Водата е исправна и безбедна за пиење

26/09/2023
Вести

КУД „Бранко Чајка“-Тетово во сабота со концерт и изложба одбележува 30 години јубилеј

26/09/2023
Вести

Во сообраќајка повредена 40 годишна жена, СВР Тетово бележи и пет приведувања по разни основи

25/09/2023
Вести

Вработените во тетовска Печатница Напредок бараат реакција од државата затоа што со години нередовно примаат плати и немаат здравствено осигурување

25/09/2023
Вести

Премиера „Момчето со пругасти пижами“ на Драмското студио „Летечка театарска трупа“ – Тетово

25/09/2023
Следна објава

Мобилната сообраќајна единица на МВР вчера со казни за 107 возачи во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!