Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ со реакција до СДСМ Тетово.
-Пријателчиња од СДС, многу имате желба приватизацијата од 90- тите да ја заборавите но не ви успева, сите знаат кој остави на улица повеќе од 200 000 луѓе.
Парадоксот дека преживеаните од таа приватизација вие сте ги спасувале и сте се загрижиле за нив после 25 години е лицемерие! Првиот закон за стечајците е донесен во 2008 година па повторно е дадена можност во 2014 година, а вие од популистички побуди во 2017 само го препишавте законот.
ВМРО – ДПМНЕ создаде услови многу фабрики да се отворат во Република Македонија и многу невработени лица да се вработат. Додека СДС создаде услови за долгорочна сиромаштија и колективна депресија за да може да поткупува со 3000 денари или со 9000 денари. Затоа сме различни! Ние креираме работни места а вие создавате стечајци!
На нас не ни е смешно и се сочувствуваме со луѓето кои вие ги прикажувате како ,,среќни социјални граѓани”! Обновата е за пристојни работни места, подобар живот и достоинствени граѓани. Наша примарна цел е да го зголемиме бројот на вработени во Република Македонија, а не како вас да се радувате и фалите колку се зголемил бројот на социјалните граѓани во Македонија!
Кога се работи за добронамерни луѓе, ние сме подготвени да размениме мислење со сите граѓани во Република Македонија без разлика на нивната етничка или верска припадност. ВМРО – ДПМНЕ е дел од народот и затоа има голем број на пријатели од сите етникуми.
Воедно Ве потсетуваме дека ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати потврди дека иден премиер на Република Македонија ќе биде Проф. Д-р. Христијан Мицкоски, стои во реакцијата на ОК ВМРО ДПМНЕ.