• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Водата за пиење во Тетово безбедна и покрај дефектите и прекините

12/08/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

 И покрај честите дефекти и прекини во водоснабдувањето водата за пиење во Тетово е исправна и безбедна, образложуваат од тетовскиот Центар за јавно здравје.  Биле направени дополнителни проширени испитувања кои потврдиле дека квалитетот е на потребното ниво за консумирање.

-Сите досегашни испитувања покажаа дека водата за пиење е во ред.  Освен основните микробиолошки се правеа и физички-хемиски анализи. Дополнително проширени физичко-хемиски анализи се правеа и во Институтот во Скопје, од каде исто така имаме добри резултати. Поволна околност е што има доволно количини изворска вода, изјави д-р Ратко Давидовски, специјалист по здравствена екологија при Центарот за јавно здравје.

Специјалистот Давидовски вели дека редовно се прави и дезинфекција на водата која се складира во резервоарите пред да биде пуштена во водоводната мрежа како и во новата филтер станица која презема речна вода.

-На двете места редовно се користат хлорни препрати и така се одржува високо ниво на дезинфекција. По потреба кога има дефекти се засилува дезинфекцијата. Воедно препорачувам кога ќе има прекин во водоснабдувањето, кога ќе почне да тече од чешмите да се остави водата да истече одредено време, изјави Давидовски.

Минатата недела три дена по ред речиси цел град се соочи со прекини во водоснабдуавњето поради дефекти.  Вчера во градот повторно одредени делови има прекини поради потребата повторно да се интервенира во водоводните цевки.  

-Пред една недела имавме хаварија на Ф300 доводна цевка од салонит при што од напрснување во внатрешноста е навлезено материјал- песок и камења и покрупен чакал кој прави затворање на вентилот кој се наоѓа на раскрсницата на улиците Цветан Димов и Ѓорче Петров. Се трудиме со сите напори да го исчистиме вентилот од Ѓорче Петров па се до Цветан Димов, тоа е должина од 300-350 метри, изјави Љуљзим Шаќири од работната единица „Водовод и канализација“при ЈКП Тетово.

Старата и дотраена мрежа е причина речиси секојдневно во градот да има помали дефекти и времени прекини во водоснабдувањето.

А.С

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Тетовско втор ден по ред со шест нови заболени од Ковид-19

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!