Малолетниците кои се на издржување казна во Воспитно-поправниот дом Тетово лоциран во село Волковија се описменуваат, некои продолжуваат своето образование, а се прават напори и дел од нив да се запишат на факултет. Ова им беше посочено денес на министерите за правда и образование Бојан Маричиќ и Мила Царовска кои денес беа во посета на Домот со цел да видат како тече образовниот процес таму.
-Регулиран е процесот на основно образование за оние кои немале можност во надворешниот свет тоа да го реализираат. Реализиран е процесот на средното образование за оние деца кои не успеале од било кој причини тоа да го прават, тука ние им го овозможивме и тоа. Заедно со здружението на млади правници сме во преговори на уписи на факултет на некои од овие деца. Се прават напори колку даваат можностите со поддршката на институциите да им го олесниме престојот на овие деца во нашата институција, изјави директорот на домот, Даниел Антоски.
Освен во образовниот процес, тука малолетниците стекнуваат разни вештини следејќи практична настава во столарска работилница, во пералница за алишта, а се вршат и земјоделски работи на мала површина обработливо земјиште.
-Задоволна сум на кој начин се организирани условите во оваа институцијата. Како министер за образование, ми беше значајно да образованието како основна алка за ресоцијализација и можности за развој и реинтергација по излегувањето од ваква институција, образованието е основа за истата. Без образование е невозможно реинтеграција. Образованието е предизвик во вакви институции со години и тоа беше нотирано во сите извештаи посебно квалитетот на образованието . Како Министерство си ја зафативме оваа задача сериозно,рече министерката Мила Царовска.
Бојан Маричиќ, министерот за правда рече дека исполнета е целта ВП домот да биде установа за пример.
-Денес се уверивме дека навистина е оваа установа за пример и драго ние што го видовме сериозниот напредок што ги има во последните неколку месеци откако децата се пренесени од Охрид тука во услови кои доликуваат на нивната возраст и потребите на нивните човекови права. Ако во минатото сме имале забелешки за условите, за храната, можносите за образование, можености за лекување и услови за ресоцијализација денес сите тие работи се во многу подобра состојба, имаат добра и редовна храна имаат можности за описменување и образование на повеќе нивоа и добра шанса за ресоцијализација. Идејата на секој воспитно-поправен систем е двојна, издржување санкција но и ресоцијализација. Мислам дека во случајот на малолетниците е поважна ресоцијализација и токму нивното враќање на еден прав пат да излезат од овде како сериозни личности да се вградат во општеството, рече Бојан Маричиќ.
Нарине Сахакиан, постојаната претставничка на УНДП вели дека го помагаат овој процес во ваквите установи со цел да нне се заостави никој во процесот на образование.
-Затоа во континуитет обезбдуваме активности кои се однесуваат на образование и стручни вештини за осудени малолетници. Сметаме дека така придонесуваме во насока на подобра нивна интеграција во општеството кога ќе излезат и да се најдат на пазарот на трудот и да продолжат со образование доколку сакаат, рече Сахакиан.
-Конечно при посета на ВП установа можам да кажам дека влегувам во установа која излегува на пресрет на штитениците. Имајќи во предвид дека Хелсиншики Комитет следи услови во вакви установи и предмет на претставки до нас од осудени лица, можам да кажам дека овој исчекор што се прави треба да претставува мотивација и во другите установи во ваков вид. Популација која издржува ваква мерка е ранлива категорија на луѓе, ќе следиме и понатаму дали ќе се одржува на соодветен начин, рече Уранија Пировска од Хелсиншки комитет.
Воспитно поправниот дом Тетово на новата локација во селото Волковија официјално почна со работа на 3 ноември 2020 година. Во моментот казна издржуваат 18 малолетници.
А.С