• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Во Лешница на Шара протестен собир против изградба на хидроцентрали

Тие на неколку начини упатија пораки до јавноста да се спречат ваквите градби кои неповратно ја уништуваат природната околина.

27/09/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Планинари на неколку планинарски спортски клубови од Скопје и Тетово денес во месноста Долна Лешница на Шар Планина го изразија својот револт од почетокот на изградбата на мала хидроцентрала на ова познато излетничко место.  Тие на неколку начини упатија пораки до јавноста да се спречат ваквите градби кои неповрантно ја уништуваат природната околина.

– Преку транспаренти на кои пишуваше Спас за Лешница, преку повици: „Запрете ја хидро-мафијата“ и „Не го уништувајте срцето на Шара“ како и преку видео обраќање побаравме надлежните државни институции итно да ја запрат изградбата на овој објект, трајно ќе ја уништи реката Пена. Планинарите потоа на самото градилиште на хидроцентралата на Лешница симболично формираа две вкрстени линии кои треба симболично да го прешкртаат овој градежен зафат, кој, според нив, го уништува најубавото место на Шар планина, соопштија од иницијатава „Зелен фронт против изградба на хидроцентрали“.

Придобивките од овие објекти е само на малкумина, а штетата за сите, потенцираат активистите.

-Како Зелен фронт на граѓани, планинари, мештани на шарпланинските села, еко-активисти, љубители на планината, со денешниот собир сакавме да го искажеме нашиот одлучно НЕ против малите хидроцентрали на Шар Планина! Малите ХЕЦ прават неповратна еколошка штета, а корист имаат само поединци, кои, користејќи ја поврзаноста со државните и финансиските институции, се обидуваат да профитираат уништувајќи ја природата. Ставот на Зелениот Фронт против малите хидроцентрали е дека тие се екоцид-односно злосторство против природата. Со нив се уништува живиот свет во реката и нејзината околина, се нагрдува природната средина и се загрозува водоснабдувањето на многу градски и селски населби во шарскиот и полошкиот регион, соопштија тие.

„Зелен фронт против изградба на хидроцентрали“ бара активно и итно вклучување на Владата со цел да се преиспитаат издадени одобрувања за градење на вакви објекти во планините.

-Ние, како граѓани, загрижени за судбината на шарските реки, бараме од Владата итно да ја запре изградбата на малите хидроцентрали и да се преоценат издадените дозволи и концесии за нивна изградба врз база на реални проценки на нивното влијание врз животната средина. Сметаме дека е ова уште поважно со оглед дека е во тек завршната фаза од прогласувањето на Шар планина за национален парк, соопштија денес по акцијата од Зелен фронт.

 

 

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Во Лешочкиот манастир извршено ракоположение во чин ѓакон

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!