Во тетовски Лешок беше одбележана 19 годишнината од загинувањето загинувањето на бранителот Ѓоко Лазаревски во 2001 година, кој учествуваше во одбраната на селото како резервен полицаец. Беше отслужена панихида, оддадена почит со минута молчење и положено свежо цвеќе пред спомен обележјето на Лазаревски од страна на семејството и повеќе делегации.
-Човек еднаш се раѓа и двапати умира, првиот пат кога физички заминува од овој свет, а вториот пат кога ќе го заборават. Ѓоко ќе живее вечно во спомените на сите лешочани, рекоа во обраќањето претставниците на иницијативниот одбор на Лешок.
Ѓоко Лазаревски во конфликтот во 2001 година останал меѓу последните да го брани Лешок. Тогаш имал 29 години и бил резервен полицаец, а загинал обезбедувајќи одстапница на соселаните слободно да се евакуираат од опколеното село. Бил погоден од шрапнел од минофрлачка граната, а починал по само неколку дена во Скопје каде е и погребан.
А.С