• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Во октомври 63 сообраќајки во Тетовско, неприлагодената брзина најчеста причина

08/11/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Неприлагодената брзина според условите на патот и неправилното вршење на дејствие и во текот на минатиот месец (октомври) биле најчестите причини за регистрираните сообраќајни несреќи на поширокото тетовско подрачје, информираат од Секторот за внатрешни работи во Тетово.

Близу две третини од вкупно 63-те несреќи биле резултат на овие две причини и се случиле во движење, претежно во населено место (42), додека 21 несреќа била на отворен пат.

Најмногу 34 несреќи регистрирани се во периодот од 12 до 22 часот. Во октомвриските несреќи нема загинати лица, додека вкупно повредени биле 44 лица, пред се  сопатници (36), како и 8 пешаци.

-Во октомври годинава намален е бројот на „сообраќајки“ споредено со ланскиот октомври, а „полесни“, ако така може да се рече, се и последиците од случените сообраќајни несреќи. Затоа, пак, минатиот месец засилени се вкупните контроли за брзина, алкохол и техничка исправност на возилата, учесници во сообраќајот, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Инаку, половина од несреќите завршиле само со причинета материјална штета, која кумулативно се проценува на околу 2 и пол милиони денари.

 

 

Тагови: октомврисообраќајки

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

ОК ВМРО ДПМНЕ : Дали улицата Гоце Делчев во Тетово не се реконструира поради името?

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!